Вељаноски на потег: СДСМ поднесе иницијатива да се свика Собранието
Како што беше најавено опозицијата денеска ја поднесе иницијативата со која бара од Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжување на конститутивната седница на Собранието на РМ.
Со 67 потписи партиите кои обезбедија парламентарно мнозинство бараат оваа клучна институција да почне да функционира .
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски кој ја поднесе иницијативата го повика Вељаноски да свика седница .
Очекувам дека ќе се свика координативна средба на пратеничките групи каде ќе се отворат сите прашања за кои ќе имаме разговор и договор“, рече Спасовски.
Спасовски потенцираше и дека седницата нема рок таа е започната и веднаш може да биде продолжена.
Слично
