Вељаноски до Заев: Слонот не се јаде цел, туку парче по парче
Пратеникот Трајко Вељаноски денеска во Собранието на премиерот Зоран Заев му рече дека има поговорка која вели дека слонот не се јаде цел туку парче по парче, а тие тоа според него го прават со Уставот.
Го посети Заев дека претходно велеше дека промена на Устав нема да има.
„Во јуни велевте дека ќе нема промена на Уставот, и многупати потоа изјавивте дека нема да се менува. Вие го променивте името и сакавте да се скриете зад граѓаните со консултативен референдум и покрај тоа не го слушате гласот на народот. Рековте дека пратениците може да поднесат амандмани, но во оваа фаза нема. Ние имаме само предлози и мислења, а не амандмани“, рече Вељаноски.
Се плаши дека во трета фаза ќе биде полошо.
„Не кажавте дека ќе се додава Рамковниот договор. Тоа го изјави Османи во ТВ-интервју. Како е заштитен идентитетот ако се викаме Северномакедонци? Да беше Северна пред Република ќе беше ок“, истакна Вељаноски.
Вели дека кога се носат амандмани, тие стапуваат веднаш на сила, и не може да зависат од одлуките на други држави.
Смета дека ова ќе има трајни последици по Македонија.
Повика да има дебата со МАНУ и историчари.Образложувајќи ги четирите нацрт-амандмани што ги предложи Владата, премиерот Заев пред малку од Собраниската говорница кажа дека АСНОМ не се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија.
Тој, како што потенцираше Заев ќе биде содржан два пати.
