Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски до Димовски: Ако не ви се допаѓа како ја водам седницата седнете на моето столче

Вељаноски до Димовски: Ако не ви се допаѓа како ја водам седницата седнете на моето столче

Претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски со остар тон му возврати на својот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на критиките зошто му го исклучил микрофонот претходно на пратеникот Никола Мицевски.

- Ако не ви се допаѓа како ја водам седницата, дојдете вие на моето столче, рече Вењаноски. 

Острите тонови беа разменети за расправа околу прекршување на процедурата.

Расправата продолжи, а Сурија Рашиди, пратеник од Алијансата за Албанците, обраќајќи се до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рече:

- Изјавите на Еди Рама и на Зијадин Села ги читате наопаку. Стратешки интереси на Македонија не ве интересираат, затоа што вашите стратешки интереси почнуваат со вашиот лидер, а завршуваат со неговиот роднина.


Слично

Поврзани вести