Економија, финансии, бизнис

Контакт

Великов Петков: Затворете го спорот и уште оваа година ќе може да ги почнете преговорите со ЕУ

Великов Петков: Затворете го спорот и уште оваа година ќе може да ги почнете преговорите со ЕУ

Бугарскиот амбасадор во Македонија,  Иван Великов Петков денеска изјави дека Бугарија ги поддржува напорите на владата на премиерот Зоран Заев, на институциите, граѓанскиот сектор и медиумите, за земјата да се врати на патот за евроатлантските интеграции. 

Смета дека Македонија има историска шанса да ги почне преговорите со ЕУ оваа година.

Тој ова го порача  презентирајќи ги приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ.

Вели дека Македонија мора да ја реши својата домашна задача, да спроведе реформи и да го реши спорот со Грција. 

„Убедени сме дека ЕУ треба да ја потврди европската перспектива на сите земји од Балканот и да ги поттикне за проевропски реформи, затоа што на полуостровот му треба јасна европска перспектива и амбицијата на бугарското претседавање е да се има јасен акциски план без да се креираат нереални очекувања, туку конкретни чекори“- рече Великов Петков.

Спорот за името и европската перспектива на Западен Балкан се дел од високите приоритети на претседавањето на Бугарија со ЕУ, додаде тој. 

Слично

Поврзани вести