Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија најмногу ќе ќари од рекордната казна врз Apple

Велика Британија најмногу ќе ќари од рекордната казна врз Apple
Лобистите во Велика Британија тријат раце од историската одлука на Европска Унија која донесе одлука да го казни Apple со враќање на 13 милијарди евра избегнат данок во Република Ирска. Даночната политика токму поради напуштањето на ЕУ може да претрпи драстични промени и Лондон да прерасне во нов даночен рај за корпорации како Apple. Проблемот за технолошките компании ако се потпрат само на Лондон по Брегзит од друга страна пак ќе донесе поголеми трошоци за извоз како и трговски бариери, но нема да бидат оптоварени со преголема државна регулација. Република Ирска функционираше токму на таков принцип прераснувајќи во Европска Силиконска долина, но како членка на ЕУ ќе мора да ги собере сите даночни олеснувања кон Apple.
Слично

Поврзани вести