Велика Британија конечно излегува од рецесијата
Велика Британија во третиот квартал излезе од својата најдолга рецесија од 50-те години на минатиот век, откако оствари раст од еден процент на тримесечното ниво. БДП на Велика Британија , за три месеци се зголеми многу повеќе од очекувањата, откако беше забележан падот во последните три квартали.
Аналитичарите очекуваа раст од 0,6 отсто на квартално ниво бидејќи земјата кон крајот на 2011 година ја зафати долг бран на рецесија.
Според британскиот Завод за статистика, најголем придонес за растот дал секторот на услуги. Во производниот сектор исто така забележан е раст на активностите, додека пад е има во градежниот сектор.
Слично
