Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велија Рамковски најави „камбек“ на некогаш силната А1

Велија Рамковски најави „камбек“ на некогаш силната А1

Граѓаните не ја заборавија А1 и толку многу години а токму од нејзиниот сопственик доаѓа вест која заинтригира многумина. 

Иако вели дека тој лично нема финансии, има заинтересирани за „камбек“ на некогаш најсилниот медиум кој жареше и палеше во државата.

Лично Велија Рамковски најави враќање на А1 телевизија но како што посочи тоа би било во друга мултимедијална форма.

-Сега со техничко-технолошките промени интернетот, социјалните мрежи, кабелските мрежи може и полесно да се стигне до новите гледачи. Луѓе секако ќе има – и од старата екипа и нови, млади. Мислам дека и пари, кои јас лично ги немам, ќе се најдат, има заинтересирани“, кажа Рамковски.

Рамковски кој помина неколку години во затвор раскажа за животот зад решетки, што било негов мотив да го издржи тој предзвик, зборуваше за односот со Груевски, за бомбите кои Заев ги имаше за А1 а никогаш не ги пушти во јавност.

Целата емисија „Стадион“ во која Велија со неколкумина други зборуваше отворено пред јавноста може да ја погледнете во видеото подолу:


Слично

Поврзани вести