Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велија: Му се радувам на животот, а денешниот ден секогаш да ни остане во сеќавање за да не се повтори пак!

Велија: Му се радувам на животот, а денешниот ден секогаш да ни остане во сеќавање за да не се повтори пак!

25 ноември ќе биде ден кога ќе одбележуваме, ќе се потсетуваме, ќе оставиме во сеќавање што било за да не биде повторно.

Ова го изјави Велија Рамковски кој денеска ги собра дел од вработените пред објектот на „Перо Наков“.

Велија истакна дека му се радува на животот и не сака да живее со омраза. Вели од затворот испаднал во ќар бидејќи како што рече на тој што му текнало тоа да го прави (уништувањето на телевизијата) можела да му текне нешто друго а не само затвор.

„Да ги засукаме ракавите за да не се повтори. Ова само болен ум го прави. Седум години е долг период, а времето прави да се заборават работите. А1 не е заборавена затоа што гледачите има споредба, седум години споредуваа со Сител и другите и богами не добиваа тоа што бараат. Затоа е незборавена, не е надмината, А1 беше репер, другите телевизии имаа кон што да се движат“, рече Рамковски.

Целиот говор може да го погледнете во видеото подолу:



Слично

Поврзани вести