Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велигденска временска прогноза

Велигденска временска прогноза

Велигденските празнувања почнаа а она што сите сакаат да го прочитаат е какво време не очекува во текот на денешниот ден.

Денес, Велики петок ќе биде претежно сончево и топли. Попладне ќе се зголеми облачното време, но според прогнозите на метеопро нема да има услови за дожд.

Максималната температура ќе достигне од  22°С и 25°С во истокот, додека во западниот регион помеѓу 18°С и 21°С.

Сабота ќе биде сличен ден како петок. Претпладнето ќе биде претежно сончево а попладнето се очекува развој на облачност која ќе донесе дожд во делови од југозападниот крај, односно во охридската, преспанската и локално низ пелагониската котлина. Повремен дожд се очекува и во тиквешкиот крај, како и во малешевскиот регион на исток.

Ноќта кон петок се најавува релативно суво и топло време.

Недела според метеоролозите ќе биде врнежлива а дождот ќе има интензитет попладне.

На некои места локално се очекуваат и грмежи.

Се најавува пад на температурата во недела за околу 5 степени. Времето ќе биде посвежо а во најголем дел од земјава температурата ќе има максимум под 20°С.

Слично

Поврзани вести