Велигденска порака на Неговото Високопреосвештенство монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко–скопски епарх
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден упати честитка.
Во својата честитка, бискупот посочува дека и покрај глобалните конфликти и чувството на немоќ кај малите народи и заедници, верниците имаат сила што може да прави големи дела преку присуството на Исус Христос. Тој нагласува дека католичката заедница во земјава е повикана да биде носител на светлина, правда и помирување.
Бискупот во пораката потсетува и на примерот на Света Мајка Тереза, истакнувајќи дека токму малите дела направени со голема љубов го менуваат светот. На крајот, тој упатува велигденска честитка до сите верници со поздравот: „Христос воскресе!“
Католиците од западен обред годинава го слават Велигден в недела, на 5 април 2026, додека 4 април е Велика сабота и велигденско бдение.
