Велигден се празнуваше и во затворот во Шуто Оризари
Управата за извршување на санкции на социјалните мрежи објави дека на затворениците од православна вероисповест им биле обезбедени соодветни услови за достојно да го прослават празникот Велигден.
Од таму додаваат дека Христовото воскресение било одбележано во КПУ Затвор Скопје, познат во јавноста како притворот Шутка, од каде беше објавена и фотографија.
„По повод големиот христијански празник Велигден, во КПУ Затвор Скопје се одбележа Воскресението Христово со традиционално вапцани јајца.
Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени и имаа можност достојно да го почувствуваат духот и радоста на празникот. Христос воскресе!“, објави Управата.
Слично
