ВЕЛИБОР ЗА ПАЛЕВСКИ: Ја уби Вања, запали цигара и го отвори телефонот да види што се случува
Oбвинетиот Велибор Манев денеска во судот изјави дека Љупчо Палевски-Палчо откако ја убил 14 годишната Вања Ѓорчевска, запалил цигара и го отворил телефонот да види што се случува. Потоа, според него, Палевски извадил нови алати од возилото со кои ги натерал да ископаат дупка и да ја закопаат Вања.
Пред да ја фрли лопатата, Палчо со средство за чистење ВД-40 ја чистел рачката и металот за да ги сокрие трагите.
„Кога ја уби Вања не бев на 100 метри одалеченост, бев на 10-15 метри и видов како го носи перничето и ја уби. Потоа изведи нови купени алати и не натера да копаме дупка на одалеченост од 10 метри од местото каде ја уби и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е по убиството е кога ја однесовме во дупката“, рече Манев.
Палевски е првоосомничен за двојното убиство на Вања од Скопје и Панче Жежовски од Велес. Двете лица исчезнаа кој крајот на 2023 година, а Палевски избега во Турција и таму полицијата го уапси по потерница од македонските власти.
