Велешкиот градоначалник спаси жена која сакала да скокне во Вардар
Градоначалникот на Велес Марко Колев спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка.
Жена вчера се обидела да се самоубие со скокање во реката Вардар на стариот мост во Велес. Ја спасил Колев. За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.
Поради топлото време во тој период од денот немало фреквенција на луѓе.
Слично
