Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЕЛЕШЕ ДЕКА Е ПРЕДАВНИК И ИЗНАЈМЕН УБИЕЦ“: еве што кажа Хајредини за најавената коалиција меѓу албанските лидери

„ВЕЛЕШЕ ДЕКА Е ПРЕДАВНИК И ИЗНАЈМЕН УБИЕЦ“: еве што кажа Хајредини за најавената коалиција меѓу албанските лидери

По објавата дека се договара коалиција меѓу ДУИ и останатите албански партии во земајва, доцна синоќа беше објавено и дека е договорена коалиција со лидерот на ДПА - Мендух Тачи, но и со Аријанит Хоџа. 

Договорот со овие партнери ќе се потпише во понеделник, а кон „Европскиот фронт“ на Ахмети веќе се приклучи и Скендер Реџепи. 

Како резултат на најавата на лидерот на ДПА да се вклучи во фронтот кој го предводи ДУИ, со реакција излезе и поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

- Тачи во коалиција со Али Амет, за кого велеше дека е предавник и изнајмен убиец, додека ДУИ е конгломерат на сите антиалбански интереси - напиша Хајредини на Фејсбук.

Еве ја неговата објава:


Слично

Поврзани вести