Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛЕШАНКАТА ПАЛЕ ЈА ЧЕКА ПРЕСУДАТА - што ќе каже судот за младата жена која се бранеше од насилниот партнер

ВЕЛЕШАНКАТА ПАЛЕ ЈА ЧЕКА ПРЕСУДАТА - што ќе каже судот за младата жена која се бранеше од насилниот партнер

Судот во Велес денеска ќе ја донесе пресудата за Павлинка Илоска која се товари за убиство на миг. 

Инаку, вчера се одржа првото рочиште за овој предмет, се изведоа доказите, а беа дадени и завршни зборови. Илоска рече дека не се чувствува виновна. 

„Не се чувствувам виновна“, изјави велешанката Пале Илоска за убиството на нејзиниот партнер. Таа објасни дека само се бранела. 

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на 23-годишната жена обвинета за кривичното делово „убиство на миг“. Во септември лани кога партнерот кој инаку бил полицаец ја нападнал и тепал Илоска, таа се обидела да се одбрани и со нож го пробола, по што тој починал. Иако Обвинителството ја товари Илоска за „убиство на миг“, нејзината одбрана нагласува дека таа го убила својот партнер во самоодбрана.  Илоска не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство од партнерот. 

Хелсиншкиот комитет реагираше на обвинението и смета дека Илоска треба да се товари за кривично дело направено во самоодбрана, а не за убиство на миг кое пропишува затворска казна од една до пет години.

Обвинителката повтори дека Илоска се товари за кривичното дело „убиство на миг“, но побара Судот да ги земе предвид и олеснителните околности и тоа што обвинетата е младо лице, не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство од оштетениот.

Слично

Поврзани вести