Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велешанка добила ќотек од поранешното момче, а нејзиниот сегашен партнер го нападнале со електрошок

Велешанка добила ќотек од поранешното момче, а нејзиниот сегашен партнер го нападнале со електрошок

Велешанка во полиција пријавила дека нејзиното поранешно момче ја нападнало неа и нејзиниот сегашен партнер. 

Во СВР Велес, вчера во 8.30 часот, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет.

По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги уапсиле Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна се спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Откако мајка и ќерка неодамна паднаа од зграда во скопски Карпош, по што се потврди дека жената пријавувала семејно насилство, деновиве имаше бран пријави за насилство во државата. 

Слично

Поврзани вести