Велешани прашуваат, Министерот молчи: Која е новата локација за Топилница?
Еколошкото друштво Вила Зора уште еднаш побара од Министерството за животна средина децидно да се изјасни и да посочи алтернативна локација за евентуално повторно проработување на Топилницата за олово и цинк. Ваквото барање на друштвото уследи откако пред неколку дена, ресорното министерство побара од „Метрудхем‘‘, кој сака Топилницата повторно да ја стави во функција, да најде алтернативно решение каде Топилница би можела да работи.
„Документот на прв поглед изгледа позитивно, но во најглавната точка е напишано дека инвеститорот треба да ги идентификува и зема во предвид алтернативи мерки и други начини на кои може да се реализира проектот, а без притоа некаде да се напомене алтернативна локација“, рече Ненад Коциќ од Вила Зора, кој се сомнева дека на овој начин се врши само залажување на велешката јавност. Затоа побара појаснување од надлежните и повтори дека Велешани не сакаат Топилницата повторно да биде на старата локација.
Слично
