Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛЕШАНЕЦОТ ПЕТ ДЕНА ИМАЛ СИМПТОМИ НА КОНГО-КРИМСКАТА ТРЕСКА: Најверојатно се заразил по каснување од крлеж додека рибарел покрај Вардар

ВЕЛЕШАНЕЦОТ ПЕТ ДЕНА ИМАЛ СИМПТОМИ НА КОНГО-КРИМСКАТА ТРЕСКА: Најверојатно се заразил по каснување од крлеж додека рибарел покрај Вардар

42-годишниот велешанец, кој е трет случај во Македонија со конго-кримска хеморагична треска најверојатно се заразил по каснување од крлеж додека рибарел покрај Вардар, информираше денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ. Таа напомена дека пациентот има рана, но не е ни свесен дека е каснат од крлеж, посочувајќи дека ова вирусно заболување дефинитивно го пренесуваат овие паразити.

-Во саботата навечер на Клиниката за инфективни болести епримен суспектен пациент и по сите направени анализи инфекцијата на конго-кримско хеморагична треска е потврдена кај него. Пет дена имал симптоми, односно висока температура, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, поради што побарал лекарска помош. Пациентот сега е во општа добра состојба е добра. Крвната анализа вчера покажа дека му се намалени тромбоцитите, и ние секако го кледиме како под лупа. Иако неговата општа состојба засега е добра, тоа не значи дека нема да има развој на болеста, заради што и будно го следиме.Инаку, можен начин на зараза е неговото хоби, риболов покрај реката Вардар, каде има многу влага и трева. Тоа е едно од најчестите места каде што може да се зарази, вели д-р Стевановиќ.

Во однос на контактите кои ги имал пациентот, директорката Стевановиќ вели дека епидемиолозите веќе направиле анкетен список.

-Покрај неговото четиричлено семејство, под медицински надзор се уште пет лица, колеги на пациентот, истакна директорката. Освет тоа, како што рече во сето ова е вклучен целокупниот здравствен систем во земјава, така што епидемиологот, ветеринарната служба како и Агенцијата за храна и ветеринарство се вклучени во дијагностичко-епидемиолошкото следење на конго-кримската хеморагична треска и се на терен во смисла на заловување инсекти и нивно понатамошно испитување.

Што се однесува до хоспитализираната болничарка која со конго-кримската хеморагична треска се зарази лекувајќи ја 27-годишната пациентка која почина од овој вирус, д-р Стевановиќ, извести дека таа е стабилна и добро, нејзиното закрепнување е во тек и не се очекуваат компликации.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести