Велешанецот од здружението „Ќосето“ повикан во полиција?
Претседателот на здружението „Ќосето“ од Велес, Горан Ангелов кој учествуваше во насилствата што се случија во Собранието бил повикан на разговор во полициска станица, дознава телевизија 24 од неофицијални извори во МВР.
Утрово пред Полициската станица Кисела Вода се собрале 25 граѓани од Здружението „Ќосето“ затоа што претседателот бил повикан на разговор.
Досега Ангелов не е пријавен во ниту една од групите против кои МВР поднесе кривични пријави.
Слично
