Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велешанец заврши во амбис со тешки телесни повреди

Велешанец заврши во амбис со тешки телесни повреди

Рано утрово на 1,4 километар од надвозникот за селото Виничани кон Велес возило „голф 3“ управувано од М.Ц. 26 од Велес изгубило контрола и излетало на десната страна на коловозот, па возачот завршил во амбис.

Повредениот во 7,35 часот бил пренесен во болницата во Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди, па поради сериозноста на состојбата бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.


Слично

Поврзани вести