ВЕЛЕШАНЕЦ СЕ СУДРИЛ СО ОВЦИ И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА - Возел мотор на магистралниот пат Велес - Штип кога дошло до несреќата
Во неделата, во попладневните часови на магистралниот пат Велес - Штип, на клучката за селото Каратманово дошло до сообраќајна незгода во која учесници биле мотор и овци.
Како што информира МВР, на 08.10.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, клучка за с.Каратманово, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36) од с.Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
Слично
