Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велешанец и две лица од Блискиот Исток организирале криумчарење мигранти

Велешанец и две лица од Блискиот Исток организирале криумчарење мигранти

Сузбиена е организирана криминална група за криумчарење мигранти 

Криминалната група, со строга хиерархиска поставеност, била предводена од Р.Џ.(33) од Велес. 

„Тој заедно со две лица со потекло од Блискиот Исток организирале криминална група во Република Северна Македонија, која за време на своето делување, организирале криумчарење на мигранти, по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток. Мигрантите биле илегално префрлани на територијата на Р.С.Македонија од Р.Грција, преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации“, информира полицијата. 

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Скопје и СВР Струмица, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за Гонење на организиран криминал и корупција  спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група за криумчарење мигранти.

Слично

Поврзани вести