Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛЕС: Жена се породи во такси возило

ВЕЛЕС: Жена се породи во такси возило

Жена се породила во такси возило пред велешката болница утрово пред 7 часот. 

Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес информира дека роденото машко бебе и мајкатa се во добра здравствена состојба. 

– На жената која се пораѓала во такси возилото веднаш на помош и  притрчала медицинска сестра од Детско одделение која оддела на работа, а потоа дошле и две сестри од Акушерското одделение кои и помогнале да се породи. Родилката на која ова и е второ породување роди машко бебе долго 50 сантиметри и тешко 3,2 кг. И мајката и бебето се во добра состојба и се сместени во Акушерското одделение при велешката Општа болница, информира д-р Неделковска Николова.

Мајката и бебето се сместени во Акушерското одделение на болницата. 

Слично

Поврзани вести