Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛЕС: Почината жена e пронајдена на улица

ВЕЛЕС: Почината жена e пронајдена на улица

Почината жена Н.Џ. (71) e пронајдена на улица во Велес. 

На телото на починатата немало видливи траги на насилство, велат од полицијата.

Настанот е пријавен вчера во 4:50 часот.  Б.Т., случаен минувач на улицата „Вера Циривири“ кај месноста Поток од левата страна на градот го видел телото.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, изјави дека при вршење на увид жената е идентификувана. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Слично

Поврзани вести