Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веле Самак: Ќе се гради нова фабрика во Велес, треба да вработи 600 лица

Веле Самак: Ќе се гради нова фабрика во Велес, треба да вработи 600 лица
Во околината на Велес ќе се гради нова фабрика за автомобилски делови , најави министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции Веле Самак во интервју за Сител. Инвестицијата ќе чини 20 милиони евра официјално, а во фабриката ќе се произведуваат делови за луксузните модели на БМВ и Мерцедес, а ќе бидат вработени 600 лица, посочи Самак. „До крајот на февруари се надевам ќе завршиме со преговорите и ќе успееме и во Велес да донесеме една нова грин-филд инвестиција. Таму има доста квалификувана работна рака и градот има позадина на индустрија. Се надеваме дека ова ќе направи пресврт во уште еден град и регион надвор од Скопје. Тој проект мене лично ќе ми биде во фокусот следниве два месеци“, изјави Самак.      
Слично

Поврзани вести