Веќе познати носителите на изборните листи на СДСМ
Пред официјално да ги соопшти СДСМ дел од медиумите веќе ги објавија стокмените изборни листи на партијата на Заев.
24 Вести повикувајќи се на партиски извори пренесе дека носител во првата единица ќе биде Стево Пендаровски во втората Оливер Спасовски, во третата Љупчо Николовски, во четвртата Зоран Заев, во петтата Радмила Шеќеринска, во шестата Петре Шилегов.
Високо на листите ќе котираат и Рената Дескоска, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, како и за коалициските партнери, шарените револуционери и независни интелектуалци.
Конгресот е најавен за во 14 часот.
Слично
