Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЕЌЕ НИ ЛАДНА ЧЕШМОВАЧКА НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ“: Некогаш учевме дека јавните водоводи се висок ризик за тероризам, вели д-р Беќаровски

„ВЕЌЕ НИ ЛАДНА ЧЕШМОВАЧКА НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ“: Некогаш учевме дека јавните водоводи се висок ризик за тероризам, вели д-р Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски, се потсети на времињата кога во поранешна СФРЈ во училиштата се учело дека јавните водоводи и извори се општествно богатство и дека претставуваат висок ризик за тероризам и диверзии.
„Ние "метузалемите" од бившиот систем имавме предмет ОНО и ОСЗ (општонародна одбрана и општествена самозаштита).

Во тој предмет меѓудругото учевме дека јавните водоводи и извори се општествено богатство и преставуваат висок одбранбен ризик за тероризам и диверзии.

Сите беа под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив најстрого се казнуваше како обид за диверзија и масовен геноцид.

Сега со водоводите управуваат "неки нови клинци" кои кога ќе направат невидена глупост, не знаат дури ни да кажат "сори бат се стори"

Веќе ни "ладна чешмовача" не е тоа што беше“, пишува тој.


Слично

Поврзани вести