Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ЧЕКА, ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ОДИ ВО ИНСТАНБУЛ“: Лазаров соопшти убава вест, Зоки Фаци оди на лекување

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ЧЕКА, ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ОДИ ВО ИНСТАНБУЛ“: Лазаров соопшти убава вест, Зоки Фаци оди на лекување

Познатиот македонски водител, Зоран Василевски, кого македонската јавност го знае како Зоки Фаци, се бори со голем тумор на мочниот меур, иако во изминатите три години поминал низ борбата за неговото здравје. Пред три му бил дијагностициран агресивен вид на канцер кој бил во вид на израсток на ногата, по што му се направени две операции и бил подложен на хемотерапии.

Веста за неговата најнова борба со оваа „зла“ болест, најпрво ја објави колегата Стефан Лазаров кој преку својот поткаст објави повик за донации за уште една операција која чини 15.000 евра.

Лазаров сега ги израдува своите следбеници со нова објава, заблагодарувајќи се до сите за донациите. 

- Здраво луѓе, можам да ве известам и израдувам дека Зоки официјално ќе се лекува во Турција поради вашата помош!

Во моментов ја чека понудата од болницата и колку ќе чини целиот процес за да знаеме на што сме. Можам да ви потврдам дека сме при самиот крај, но најбитно од се е дека веќе нема да се чека и за неколку дена тој оди во Истанбул.. Да сте ми живи и здрави - напиша Лазаров на Фејсбук. 

Еве ја неговата објава:


Слично

Поврзани вести