Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веќе не се во мода протести против загадениот воздух

Веќе не се во мода протести против загадениот воздух

Многу слабо присуство имаше на денешниот протест пред Владата на Република Македонија против загадениот воздух за кој граѓаните кои се организираа преку социјалните мрежи велат дека власта не презема доволно и дека не ги исполнува очекувањата за поконкретни мерки. Одзивот не наликува ни оддалеку од пред некоја година кога постоеше голема мобилизација за протести против загадениот воздух.

„Oчигледно власта нема слух за ова прашање иако за оваа тематика треба да се зборува долго. Проблемот со загадувањето не засега со години, но се нема слух за ова прашање.“ - вели Рашо Радулов – организатор на протестот.

Тие пак кои денеска дојдоа на протестот, велат дека се свесни оти борбата против загадувањето ќе трае подолго, но сметаат дека сегашните мерки се недоволни за висината на проблемот со кој се соочува главниот град.

Воздухот во Скопје и во неколку други градови речиси секојдневно е загаден над дозволеното. Во главниот град беа активирани и привремени мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето. 

Слично

Поврзани вести