Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веќе има осомничени за дел од пожарите

Веќе има осомничени за дел од пожарите

Полицијата осомничи неколку лица за дел од пожарите во земјава. 

Околу 15.10 часот, денеска е лишено од слобода 32-годишно осомничено лице дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране. Лицето со иницијали Л.А. е од Република Албанија, а илегално престојувало во земјава. Осомничениот за подметнување на пожарот е задржан на понатамошна постапка, а го привеле  полициските службеници од одделението во с.Галате. Полицијата има осомничено уште едно лице за пожарот во Старо Нагоричане за што полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител. Полицијата работи и на расчистување на случај во кој се осомничени две лица, за предизвикување пожар  пред село Блаце кон Катланово.

Слично

Поврзани вести