Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Во прекин сообраќајот до два града

ВЕЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Во прекин сообраќајот до два града

Врнежи од снег вечерва има во западните, југозападните и централните делови од Македонија. 

Сообраќајот до Крушево и Демир Хисар е во прекин за сите видови возила.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково и Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се уште се на сила.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Снежен бран ја зафати Македонија, а во четврток се очекуваат ниски температури. 

Слично е времето на Балканот, но и во Европа каде леден бран однесе и човечки жртви. 

Слично

Поврзани вести