Вечерва состанок на Извршниот одбор на СДСМ, ќе се разговара и за преименување на партијата
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва ќе продолжи со состанокот на Извршниот одбор, а една од точките ќе биде преименување на партијата заради новонастанатата ситуација со оримената на уставното име.
На дневен ред се и претстојните претседателски избори, локалните избори во Охрид, Ново Село и Дебар како и можноста да се прифати предизвикот за предвремени парламентарни избори/
Извори на телевизија Алсат велат дека ќе се дискутира за сето тоа, но дека одлука ќе се донесе за предвремените парламентарни избори, односно дека нема да бидат распишани. Од СДСМ засега негираат дека има можност за средба помеѓу лидерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Слично
