ВЕЧЕРВА: Сообраќајка со три жртви кај „Црна Точка“ на патот Штип –Велес
Денес околу 19.45 часот на регионалниот пат Штип–Велес кај м.в. „Црна Точка“, се случила сообраќајна незгода .
Во неа учествувале патничко моторно возило Голф 4 и Голф.
Во голфот кој бил со кумановски таблици имало четворица лица од кои еден маж, две жени и едно дете.
На лице место починал мажот и една жена додека другата жена е префрлена во МЦ-Велес каде и починала, а детето е префрлено во Ургентен центар–Скопје.
Допрва ќе се утврдува идентитетот на починатите.
Сообраќајот од 20.15 часот е во прекин и во двата правци.
Слично
