Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечерва полесно се дише во Скопје, еве каде е на листата најзагадени

Вечерва полесно се дише во Скопје, еве каде е на листата најзагадени

За разлика од синоќа кога Скопје беше 9 најзагаден град во светот, вечерва е 39 на листата на air visual. 


Претходно за оваа сезона Скопје бил 11, 22, 21, 8, но и 6 најзагаден град во светот. 

Сепак, и вечерва е позагадено во Скопје од Приштина. Главниот град на Косово е 41 на светот. Сараево е 43 на листата. 

Вечерва најзагаден воздух во светот дишат жителите на градот Лахоре, во Пакистан. 

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска учествуваше на јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието на Република Македонија, иницирана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека борбата за чиста животна средина не трпи популизам. 

Слично

Поврзани вести