Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечерва настап на Дино Мерлин на плоштад Македонија, Шилегов вели трошоците се исти како лани

Вечерва настап на Дино Мерлин на плоштад Македонија, Шилегов вели трошоците се исти како лани

Пејачот, текстописец и музичар Дино Мерлин вечерва ќе настапи на плоштадот Македонија за дочекот на новогодишната ноќ 2020 година. Дино Мерлин ќе одржи соло концерт, а како што беше кажано на заедничката прес-конференција со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, неговиот настап ги чинело градските власти нула денари.

Групите „Gypsy Groove“ и „Superhiks“ ќе ја отворат програмата  во 20:30 часот, додека централниот настан на новогодишната забава ќе биде спектакуларната регионална мегавезда музичкото шоу на Дино Мерлин.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на прес-конференција рече дека Дино Мерлин е една од најголемите музички sвезди на Балканот и дека тие се согласиле за неговиот настап во Скопје уште на заедничките пролетни состаноци. Износот на трошоците за новогодишната ноќ, рече Шилегов, е ист како и минатата година.

Дино Мерлин истакна дека Скопје значело топлина, град полн со живот, разновидност и многу различни нации, култури, исто како и неговиот роден град Сараево.

На новогодишната ноќ 2020 година, на полноќ, присутните на плоштадот Македонија ќе имаат можност да уживаат во традиционалниот огномет.

До новогодишната ноќ на плоштадот во Скопје, ќе работат штандовите на новогодишниот базар „Винтерленд“.

Градот Скопје препорачува да не се користат пиротехнички средства на дочекот на новогодишната ноќ.


Слично

Поврзани вести