Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечерни тепачки во Лешочкиот манастир за празникот Пресвета Богородица, има и повредени полицајци

Вечерни тепачки во Лешочкиот манастир за празникот Пресвета Богородица, има и повредени полицајци

Тетовската полиција објави дека во 01,00 часот било пријавено дека во селото Лешок во кругот на манастирскиот комплекс бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишник од Тетово од една страна и Д.А. од Тетово од друга страна. 

По кратко време повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишникот и С.Д.(20) од Тетово и други две непознати лица. 

При преземање мерки, со повреди се здобиле и полициски службеници од Полициското одделение Теарце. 

Во врска со настанот лишени од слобода биле С.Д.(20) од Тетово и 17 годишник од Тетово.

 За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


Слично

Поврзани вести