Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечер има нова уредничка, Ивона Талевска сменета

Вечер има нова уредничка, Ивона Талевска сменета

Новинарката Ивона Талевска повеќе не е главен и одговорен уредник на весникот „Вечер“ кој има нов „кормилар“ во иметот на Весна Миќиќ Божиновска.

Во уредувачкиот тим на „Вечер“ веќе не е ни Драган Павловиќ-Латас, кој во 2012 година ја напушти функцијата на глодур, а потоа фигурирал како уредник на политичкиот дел.

За заменик на главниот и одговорен уредник на весникот е назначена Елизабета Арсоска која долги години е дел од тимот на „Вечер“.

Од денеска е сменет и импресумот на весникот.

Ивона Талевска и натаму е дел од телевизија Сител каде е уредник на вести. 


Слично

Поврзани вести