„ВЕ МОЛИМЕ КОРИСТЕТЕ ГО ИЗЛЕЗОТ ШТО ВОДИ КОН СТАРИОТ ВЛЕЗ ЗА АЕРОДРОМОТ“: Се огласија од скопскиот аеродром по сообраќајката
По стравичната сообраќајна несреќа во која утринава се преврте едно возило и сообраќајот е блокиран, се огласија и од управата на скопскиот аеродром.
„Ве известуваме дека поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, од правец од Скопје кон аеродром, сите возила се пренасочуваат соодветно.
Ве молиме користете го излезот што води кон стариот влез за аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда“, информираа оттаму.
Слично
