Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕ ИСТУШИРАА ЛИ БЕСПЛАТНО? Еве што да преземете, ако возило ве испрска на улица!

ВЕ ИСТУШИРАА ЛИ БЕСПЛАТНО? Еве што да преземете, ако возило ве испрска на улица!

Обилните врнежи од дожд ги наполнија улиците со вода, а тоа значи дека во текот на целиот ден, пешаците мора да се екстремно внимателни, заради возачите кои не внимаваат на другите учесници во сообраќајот, па со возилото управуваат со брзина поголема од пропишаната, прскајќи ги минувачите.

Што ако ве испрска несовесен возач?

Ако доживеете да бидете испрскани, не можете тоа туку така да го пријавите во полиција. За делото, мора или да имате сведок или пак стореното да го видел лично полициски службеник. 

„Жртвата“ не може таквиот случај да го пријави, доколку нема соодветни докази за стореното. 

Во согласност со членот 46, став 1 и 2 од Законот за прекршоци, мандатен платен налог му се издава на прекршителот доколку прекршокот е констатиран од страна на полициски службеник лично или со помош на соодветни технички средства. 

Слично

Поврзани вести