Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЧЕРА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 6.897 ГРАЃАНИ: Прва доза од вакцината против ковид примиле само 1.717 граѓани

ВЧЕРА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 6.897 ГРАЃАНИ: Прва доза од вакцината против ковид примиле само 1.717 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани, информира Министерството за здравство. 

Велат дека со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. 

-Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, соопштија од МЗ. 


Слично

Поврзани вести