Вчера се попишале најмногу граѓани досега
Вчера се попишале најмногу граѓани досега, откако националниот попис започна изминатата недела на 5 сепетември, при што во меѓувреме неколку дена имаше проблеми со воспоставувањето на системот.
Според,Државниот завод за статистика, попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо а вчера се попишале 114.308 лица.
Синоќа до 20 часот, попишани се 308 551 лице, а ДЗС уште еднаш ги повика граѓаните без отстапки и масовно да се попишат.
„Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци“, велат од таму.
Слично
