Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЧЕРА ПАДНА ОДЛУКА: МОНИКА ЗАЈКОВА И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР НА ЛДП - во Парламентот партијата ќе дејствува независно

ВЧЕРА ПАДНА ОДЛУКА: МОНИКА ЗАЈКОВА И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР НА ЛДП - во Парламентот партијата ќе дејствува независно

Либерално-демократската партија синоќа ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите, на која донесе одлука за давање целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и на раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста.

Како што се наведува во партиското соопштение, ЛДП, како одговорна партија, внимателно го разгледала Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвоил извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.

„ЛДП во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на сѐ што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

Исто така, ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад“, објавија олд партијата.

На седницата ЦО го овластил Генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата. За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, велат од Либерал демократската партија.

Слично

Поврзани вести