Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вчера најмногу дожд во Гевгелија, засега нема поплавени региони

Вчера најмногу дожд во Гевгелија, засега нема поплавени региони

Според информациите на УХМР најмногу дожд за изминатите 24 наврнал во Гевгелија каде се измерени вкупно 71 литар на метар квадратен. Засега не се пријавени поголеми поплави низ регионите во Македонија, освен што дождот предизвика помали застои во сообраќајот и поплавување на неколку улици.

По еден литар се измерени во Дојран, Охрид и Струмица, два во Пожаране и Тетово, четири во Крушево, Крива Паланка, Ѓуриште и Демир Капија, пет во Штип и Тополчани, осум во Виница, девет во Куманово, 12 во Прилеп, 14 во Скопје – Зајчев Рид, 16 во Берово и 26 во Скопје – Петровец.

До 8:30 часот утрово најниска е температурата во Лазарополе, осум степени, додека највисока е во Дојран и Гевгелија, 17 степени. Останатите темепратури се движат од 10 во Маврово, 11 во Претор и Крушево, 12 во Охрид и Пожаране, 13 во Битола, Ѓуриште, Тополчани, Прилеп и Крива Паланка, 14 во Берово, Дебар и Виница, 15 во Тетово, Скопје и Куманово, до 16 степени во Демир Капија, Штип и Струмица.

Според УХМР, локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет ќе има до среда во попладневните часови, а стабилизирање на времето се очекува од четврток, кога ќе дува засилен северен ветер.


Слично

Поврзани вести