Вчера на разговори, утре на координација: Партиите на заедничка маса ќе го бараат решението за локалната власт
Локалната власт ќе ги седне на заедничка маса политичките партии.
Вчера имаа „тајна“ средба а веќе утре ќе одат на координација кај новиот собраниски спикер Талат Џафери.
Сите партии имаат ист став околу прашањето со локалната самоуправа и се за изнаоѓање на решение за продолжување на мандатот на градоначалниците кој истекува утре.
Од ВМРО ДПМНЕ предложија три рокови за одржување на избори.
Од партијата на Никола Груевски велат дека нивниот став во однос на локалните избори веќе го кажале и тој гласи дека граѓаните не смее да ја плаќаат цената за деструктивноста на СДС.
Според нив одложувањето на локалните избори и блокадата на локалната самоуправа ќе оди на штета на граѓаните.
СДСМ пак во поглед на решение за локалните избори велат дека е добивањето на мадат за да се деблокираат институциите .
ДУИ исто така посочува дека се за итно решение за локалната ситуација, и партијата на Ахмети ги поддржувал измените на изборниот законик за да се одвива неформално функционирање на институциите се додека да се одржат изборите.
