ВЧЕРА КАЈ СИТИ МОЛ ПОВТОРНО БЕШЕ ПРЕГАЗЕНО ДЕВОЈЧЕ - за среќа, без фатален исход, беше пренесено во „ГОБ 8 Септември“
Вчера на улицата на Партизансак кај Сити мол се случи сообраќајна несреќа. Имено, околу 18.40 часот, автомобил прегази девојче, кое потоа беше пренесено во болница со возило на Брза помош. За среќа, оваа несреќа беше без фатални последици.
„Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Ова не е прв пат на таа локација да се случуваат сообраќајни несреќи. Таа точка важи за една од најнебезбедните сообраќајници во главниот град на државава.
