Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ: Одрони на патот има во Источна Македонија

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ: Одрони на патот има во Источна Македонија

Одрони има на патен правец во Источна Македонија. 

На магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица има ситни одрони. Одроните создаваат тешкотии во сообраќајот, а се најизразени на потегот од магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица од селото Очипала до село Илиово.

„Поситни одрони се забележливи и на магистралниот пат пред селото Луковица. Таму засега поставените мрежи за запирање на одроните не дозволуваат поголеми парчиња камен да се најдат на самиот коловоз кај споменатиот патен правец. Внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација се препораките до возачите кои имаат потреба за движење по магистралниот патен правец од Делчево кон Македонска Каменица“- информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози.

Слично

Поврзани вести