ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ: На оваа делница утре ќе има прекини
По кус застој во работите на делницата Бошков Мост-Дебар, што е дел од патот Маврово-Дебар, утре продолжуваат работите за асфалтирање.
Во текот на утрешниот ден ќе се продолжи со асфалтирање на делот на патот во близина на селото Рајчица. Поради тоа прекин на сообраќајот ќе има во периодот од 13 до 18 часот на делницата Мелнички Мост-Дебар.
Во периодот кога се изведуваат работите, во зависност од потребите ќе се пропуштаат само приоритетни возила како брза помош, полиција или противпожарна.
Слично
