ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Амбасадата на САД го менува закажувањето за визи
Амбасадата на САД го менува закажувањето за визи. Тоа ќе се случи на 30 месецов.
Американската амбасада во Македонија соопшти дека поради промена на системот за закажување за визи, апликантите нема да можат да уплаќаат, закажуваат или откажуваат термини во период од една недела во втората половина од месецов.
„Помеѓу 19 и 29 мај 2025 година, апликантите за виза нема да можат да вршат уплати за нови административни такси за виза, да закажуваат, презакажуваaт или откажуваaт термини, или да побараат итен термин за виза“, пишува во соопштението од Амбасадата.
Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на амбасадата.
Слично
