Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО - СЕ ДЕЛАТ ПЕТ И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА: Акционерите на „Макпетрол“ од утре ќе можат да си подигнат дивиденда

ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО - СЕ ДЕЛАТ ПЕТ И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА: Акционерите на „Макпетрол“ од утре ќе можат да си подигнат дивиденда

Нашиот најголем дистрибутер „Макперол“ преку берзата објави многу важна информација за своите акционери, а таа е дека од утре стартува исплатата на дивидендата за акционерите на компанијата.

Ќе се подели сума од 5,5 милиони евра, односно секој акционер ќе добие по 3.300 денари бруто по акција. 

„Макпетрол АД Скопје, со седиште на ул. Св.Кирил и Методиј бр 4, 1000 Скопје, согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2022 година бр. 0201-26/2-3, донесена на 27-мата седница на Собранието на Акционери на Макпетрол АД Скопје, одржана на 30.5.2023 година, објавува дека на ден 30.08.2023 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ од 333.775.200 денари, односно 3.300 денари бруто, по акција“, се вели во објавата од „Макпетрол“ споделена со акционерите и инвеститорите преку Македонската берза.

Слично

Поврзани вести