Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КХВ: Воздржете се од инвестирање во „Соларгруп“ и „партнерите“, потоа не можеме да ви обезбедиме правна заштита

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КХВ: Воздржете се од инвестирање во „Соларгруп“ и „партнерите“, потоа не можеме да ви обезбедиме правна заштита

Комисијата за хартии од вредност ги предупредува граѓаните во земјава дека преку интернет страницата https: solargroup.pro/mk и вебинари се нуди ткн. „колективно инвестирање“ кое според првичните индиции на Комисијата за хартии од вредност станува збор за дизајнирана „понзи“ шема која ги охрабрува инвеститорите да регрутираат нови инвеститори во шемата преку систем на награди која може да ги доведе во заблуда граѓаните за легалноста во понуденото инвестирање.

„Компанијата Соларгруп нема дозвола со која и се одобрува издавање хартии од вредност, ниту пак е овластена да нуди инвестициски услуги на територијата на Република Северна Македонија.

Физичките лица кои се претставуваат како “партнери” на компанијата се лица кои не се овластени брокери, инвестициски советници, ниту инвестициски агенти и нивното делување не е под надзор на Комисијата за хартии од вредност.

Вложувањето на резиденти во хартии од вредност на странски пазари и во удели од странски инвестициски фондови е регулирано со Законот за девизното работење каде со член 14 став (1) е предвидено, резидентите да  можат да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство само преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност или преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност. 
 
Оттука, резидентите не можат да инвестираат во хартии од вредност со уплаќање на средства на сметка на странска компанија во која се инвестира, бидејќи за тоа е потребно посредство на домашен овластен учесник на пазарот на хартии од вредност (брокерска куќа или овластена банка) или соодветен странски овластен пазарен учесник“, се вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност, натаму, како што стои во нејзиното соопштение, ги повикува граѓаните и потенцијалните инвеститори од територијата на земјава да бидат внимателни при стапување во деловен однос со споменатата компанија или со нејзините “партнери” и  оттука и во меѓувреме, Комисијата ги повикува граѓаните да се воздржат од инвестирање во “Соларгруп”. 
 
„Комисијата за хартии од вредност не е надлежена да врши надзор над законитоста на работењето на компанијата Соларгруп и на нејзните “партнери”, ниту може да обезбеди правна заштита на правата и интересите на граѓаните и на потенцијалните инвеститори кои сепак би воспоставувале евентуален деловен однос“, предупредуваат од Комисијата за хартии од вредност. 

Слично

Поврзани вести